About Prijavi Semejno Nasilstvo
Иницијативата Пријави семејно насилство е резултат на заложбата на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - ХЕРА за подигање на свеста кај граѓаните за нивно вклучување во борбата против семејно насилство. Идејата на ХЕРА е дека семејното насилство не е приватна работа, тоа не` засега сите и секој од нас може да помогне во спречување на истото.
Целта на оваа апликација преку еден клик да се спаси живот, да му се помогне на едно семејство. Со помош на оваа апликација, доколку некој од вас доживеал, бил сведок, слушнал или забележал било каков вид на семејно насилство (физичко, психолошко, сексуално или економско) дома, на работа или на било кое јавно место, може истото веднаш да го пријави. Собраните податоци се анонимни и ќе помогнат во формирање на слика за тоа колку и каде е најприсутно семејното насилство во Македонија со цел да се поттикнат надлежните институции за преземање на конкретни акции.
Доколку пак, покрај тоа што сакате само да пријавите семејно насилство, сметате дека некому или вам ви е потребна стручна помош за справување со проблемот, ве молиме обратете се до Прв Семеен центар на Град Скопје. Контакт телефон: 02 321 5 905, е-адреса: infopsc@hera.org.mk или директно во просториите на Центарот на улица „Костурски Херои“ бр. 51, Скопје (на уличката кај Вучко, позади Универзална сала).
Првиот семеен центар е наменет за секој којшто чувствува дека во неговото семејство постои ризик од насилство, бил жртва или сторител на насилство во рамките на семејството. Услугите што ги нуди Центарот се бесплатни и доверливи.
Download and install
Prijavi Semejno Nasilstvo version 1.0.1 on your
Android device!
Downloaded 10+ times, content rating: Not rated
Android package:
com.hera.psc, download Prijavi Semejno Nasilstvo.apk